Работнички информираше дека на стартот од новата сезона ќе го пречека Шкупи на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.

Овој натпревар е закажан за в понеделник, со почеток во 17 часот, поради настапот на Шкупи во Конференциската лига.

Одлуката да се игра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, како што информираат од Работнички, е донесена поради лошата состојба на тревникот на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Сите останати натпревари од првото коло во Првата фудбалска лига се закажани в недела, со почеток во 17 часот.

Прикажи повеќе