Рускиот претседател Владимир Путин вели дека Русија не планира да се изолира од остатокот од светот, пренесе руската новинска агенција РИА.

Неговата изјава е дадена за време на состанокот со неговиот близок сојузник, белорускиот лидер Александар Лукашенко во вселенски центар на рускиот Далечен Исток.

Тој оцени дека руските сили кои ја спроведуваат воената кампања во Украина дејствуваат храбро, ефикасно и го користат најмодерното оружје, пренесе новинската агенција Тас.

Путин рече дека Русија „немала друг избор“ освен да започне воена операција во Украина со цел да ја заштити Русија, а руските сили, како што кажа, ќе ја постигнат својата цел.

„Така ќе биде. Нема сомнеж за тоа. Целите се апсолутно јасни, тие се благородни“, рече Путин во изјавата дадена во космодромот Восточни на церемонијата посветена на Денот на космонаутиката на Русија.

Прикажи повеќе