Рускиот претседател Владимир Путин не планира да присуствува на погребот на лидерот на платениците на Вагнер, Евгениј Пригожин, кој загина при падот на неговиот авион минатата недела, соопшти денеска официјален Кремљ.

Авионската несреќа дојде точно два месеци откако Пригожин и неговите платеници започнаа бунт против највисоките воени команданти на Путин, преземајќи ја контролата врз јужниот град Ростов и напредувајќи кон Москва пред да се вратат назад кога беа на 200 километри од главниот град.

„Присуството на претседателот не е предвидено“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков за новинарите на прашањето дали Путин ќе присуствува.

есков рече дека Кремљ нема конкретни информации за погребот организиран од семејството.

Инспекторите во неделата соопштија дека генетските тестови потврдиле дека Пригожин бил меѓу 10-те лица кои загинале во авионот.

Кремљ ја отфрли како „апсолутна лага“ сугестијата на некои западни политичари и коментатори дека Путин наредил да биде убиен Пригожин, како одмазда.

Прикажи повеќе