Постои начин да се подобри однесувањето кон партнерот.

Многу студии во психологијата се занимаваат со врски и бракови. Ели Финкел, професорка по социјална психологија на Универзитетот Нортвестерн во САД, ги истражуваше модерните врски. Дошол до заклучок дека повеќето бракови завршуваат со развод поради преголемите очекувања на партнерот.

– Главната промена што се случи во споредба со минатиот век е тоа што луѓето се почесто влегуваат во брак со очекување дека сопружниците ќе им помогнат да станат подобра верзија од себе, а тоа обично никогаш не се случува – напиша Финкел во својата книга. Истакнува дека партнерот не е тој што треба да не направи покомплетна личност. Неопходно е да имате реални очекувања од партнерот за да бидете среќни во врската или бракот со партнерот, но и со себе.

– Добро размислете што очекувате од врската и обидете се да разберете дали тие очекувања се реални и навистина остварливи. Разговарајте за сѐ и барајте компромиси. Запомнете дека и вашиот партнер има очекувања од бракот и од вас – вели овој научник.