реклама

ЖЕЛБА на секој родител е да одгледа среќно и успешно дете кое ќе биде задоволно со сопствените достигнувања, но кое секогаш ќе знае најдобро да го искористи својот потенцијал. Иако не е секогаш лесно, психологот Микеле Борба открива дека е можно уште од мали нозе да се препознае дали детето еден ден ќе биде успешно или не.

Како што објаснува за CNBC, една карактеристика го издвојува успешното дете од неговите врсници, а тоа е упорноста. Оваа особина му помага на детето да продолжи кога сè друго укажува на откажување. Имено, грешките можат да го спречат детето да успее во одредена намера или идеја, а доколку не се откаже без разлика на поразот, тоа е еден од јасните знаци дека ќе биде успешен.

реклама

Психологот тврди дека секое успешно дете многу добро знае дека грешките и поразите се составен дел од животот, па затоа ги советува родителите да го научат своето дете дека од грешките најмногу учат. Детето кое не е склоно да се откажува, но е упорно, секогаш ќе знае како да го реши проблемот пред себе, а токму тоа придонесува за развој на успехот.

За разлика од неговите врсници, успешното дете никогаш нема да се откаже, туку ќе се труди следниот пат да не ја направи истата грешка бидејќи ги знае последиците, додава психологот.

реклама