Лионел Меси (34) се повреди минатиот петок при победата на ПСЖ со 2-1 против Лил во францускиот шампионат.

Тој поради повреда на задната ложа ја пропушти синоќешната победа на ПСЖ против РБ Лајпциг (2:1) во Лигата на шампионите и клубот прави се` за да го подготви за саботното гостување кај Бордо.

Можно е Меси да добие поштеда и за тој натпревар. Сепак, францускиот вицешампион е непријатно изненаден од поканата од Аргентина. Меси бил повикан во репрезентацијата за квалификацискиот циклус во ноември. Клубот се надевал дека Меси може да биде поштеден за да се подготви што е можно подобро, но Аргентинците ја искористиле клаузулата за Меси.

Во договорот на Меси има клаузула која вели дека Аргентина е пред ПСЖ. Неговиот приоритет е секогаш да игра за репрезентацијата и ПСЖ не може да се жали на оваа одлука.

Меси оваа сезона има осум настапи и три гола за ПСЖ. Тој одиграл 595 минути.