Му препишуваат несериозност, а нему му припадна најтешката улога да ја предводи Украина во воениот конфликт со Русија. Володимир Зеленски како претседател на Украина се најде на црната листа на Русија за отстрел, но вели дека нема намера да го напушти Киев. Пораката ја испрати од улиците на главниот град.

Кој е Зеленски. Украинците го познаваа како актер и комичар, а особено се прослави  по улогата на претседател на Украина во телевизиската серија „Слуга на народот“, Дипломирал право, но никогаш не работел како адвокат или судија, туку уште  од младоста се занимава со комедијата. Веќе на 17-годишна возраст, со група на комичари  ќе настапува низ цела Украина но и  земјите од поранешниот Советски сојуз. Станува мега популарен со серијата   „Слуга на народот“, што се смета за  најуспешен телевизиски проект во украинската историја, а кој на  Зеленски освен голема популарност, ќе му донесе и прилично големо богатство кое денес се мери во милиони долари.

Подоцна глумеше и во руско-украинската романтична комедија „Канцеларија за романса“, а беше и Наполеон во руска комедија.

Искористувајќи ја својата слава како актер во 2018 година ја основа политичката партија  „Слуга на народот“, а веќе наредната година ќе ја објави својата кандидатура за претседател. Освои повеќе од 70 проценти од гласовите.

Во краткиот политички живот, тој јасно ја дефинираше својата прозападна политика и блискоста со прозападните политичари. И покрај најавите и предупредувањата од Западот дека Русија е подготвена да нападне, тој не веруваше дека такво нешто може да се случ,  а изјавите ги коментираше како пренагласени. Рускиот претседател Путин вели дека главна цел му е смена на власта во Украина и ги повика и украинските војници да се спротивстават и да ја преземат власта. Тимот на Зеленски, за Путин се наркомани и неонацисти. Пред Зеленски се историски денови – дали симболот на украинскиот отпор ќе успее да ја поведе Украина во најважната битка во поновата историја. /Алсат.мк

Лука Андреев