Украинското Министерство за одбрана соопшти дека рускиот генерал – генерал-мајор Виталиј Герасимов – бил убиен во битка кај Харков.

Се беше нејасно, додека преку Твитер, бугарскиот новинар Кристо Грозев преку истрага откри дека покрај смртта на рускиот генерал, веќе пропаднал и системот за кој Русија се огласи како најдобар „Ера Криптофон“.

Во прислушувањето што беше објавено на ЈуТјуб, се слуша претставникот на ФСБ од бригада во Украина, кој му се јавува на својот шеф од мобилниот телефон со сим-картичка купена во Украина. Претставникот на ФСБ, му кажува на својот шеф дали може да зборува на овој телефон, додека шефот се слуша како вели: Кажи ми што имаш, бидејќи нашиот систем (Ера Криптофон) не работи. За време на разговорот, претставникот на ФСБ му кажува на својот шеф дека Герасимов е убиен, додека шефот се слуша како пцуе. Украинците го доловуваат овој разговор, а сето тоа го објаснува новинарот Грозев, кој детално го претставил системот Ера Криптофон.

„Идиотите се обидоа да го користат Era Kryptofon во Харков, откако ја уништија мрежата 3g/4g. ЕРА има потреба од 3г/4г за да функционира“, напиша меѓу другото новинарот Кристо Грозев./ Алсат.мк

Прикажи повеќе