Жестоки борби се водат во фабриката за челик Азовстал во Мариупол. Претходно руски функционер ги негираше информациите дека руските војници влегле во комплексот. Цивилите, вклучувајќи жени и деца, сè уште се заробени во опколениот украински град и потребен е продолжување на прекин на огнот, за да се обезбеди нивна евакуација, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Advertisements

Во меѓувреме, украинската армија објави дека нејзините сили успеале да воспостават контрола над неколку јужни региони во Херсон и Миколаев, одбивајќи бројни напади на руската армија. Портпаролот на Генералштабот на украинските вооружени сили, изјави дека 11 напади биле одбиени во регионите Доњецк и Луганск, каде, како што рече, руските сили претрпеле големи загуби.

„Благодарение на успешните акции на украинските бранители, непријателот ја загуби контролата врз неколку населени места на границата на регионите Миколаев и Керсон. Во последните 24 часа мета се девет воздушни цели на руските воздушни и копнени сили. Беа погодени и два авиона“, рече Олександр Шпутун, портпарол на Украинската Армија.

Во меѓувреме, руското Министерство за одбрана објави слики од уништена украинска воена опрема. Руската војска исто така извести дека руските системи за противвоздушна одбрана во текот на ноќта собориле три авиони на украинското воздухопловство.

„Руските воздухопловни сили со високопрецизни воздушни ракети уништија воздухопловна опрема на воениот аеродром Канатово кај Кировоград; големо складиште за муниција и складиште за гориво за украинската воена опрема во регионот на Миколаев“, рече Игор Конашенков, портпарол на руската армија.

Руското министерство соопшти дека 600 украински војници биле убиени, а уништени околу 60 воени возила за време на нападите.

Исуф Кадриу