Доколку чувствувате дека уморт и стресот ви се акумулирале, обидете се со акупресурната терапија на точката наречена Лао Гонг. Тоа е „магична“ точка која ве ослободува од замор и ја буди внатрешната енергија. Со притискање на оваа точка, за само неколку минути можеме да се ослободиме од заморот, да добиеме дополнителна енергија што можеме да ја канализираме во различни области од нашиот живот.

Точката Лао Гонг е многу лесно да се најде, се наоѓа во средината на нашата дланка.

Откако ќе ја пронајдете, направете ги следните вежби:

Вежба против замор

Опуштете ја раката и со другата рака притиснете на точката Лао Гонг. После тоа, започнете со меки ротациони движења. Масирајте ја точката со кружни движења додека не се чувствувате опуштено и полни со енергија.

Вежба за концентрација

Во случај да се чувствувате дека не можете да се концентрирате на нешто важно, веднаш притиснете ја точката Лао Гонг со палецот пет пати. Вдишете длабоко со секој притисок и додека го пуштате прстот, издишете. Подобрувањето ќе го почувствувате за само неколку минути.

Вежбајте со кинески топки

Доколку немате специјални кинески топчиња за масажа на дланките, слободно користете ореви или обични топчиња со слична големина. Земете ги топчињата во рака и почнете да ги тркалате, едното меѓу другото на дланка. На овој начин ќе ја активирате точката Лао Гонг, но и други важни точки кои ќе ви помогнат да се опуштите.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.