По две и пол годишна истрага спроведена од Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција, СПАК, откриен е нов скандал, овој пат со давањето концесија за стерилизација на медицински средства, која била доделена спротивно на законот.

-СПАК потпиша осум налози за апсење на поранешни функционери вмешани во аферата во вредност од 100 милиони евра. Изречена му е мерка „затворски притвор“ на поранешниот заменик – министер за здравство Клодијан Рјепај, обвинет за злоупотреба на службената положба и бизнисменот Илир Рапајн обвинет за „измама со тешки последици“ за концесијата за стерилизација. На дел од осомничени изречена им е мерка домашен притвор, додека на двајца секојдневно јавување во полиција, објавија албанските медиуми.

Прикажи повеќе