Милан го објави наследникот на Сандро Тонали, а тоа е Рубен Лофтус-Чик. Милан објави дека потпишува со англичанецот уште минатата недела, но сега официјално го претстави. Лофтус Чик ќе го носи дресот со број 8 што претходно му припаѓаше на Тонали.

Младиот англиски фудбалер постигна 13 голови во 155 натпревари за Челзи, а со „сините“ освои титули во Премиер лигата и ЛЕ.

Кога сме кај Милан, претседателот Џорџо Фурлани ќе преговара со првиот човек на Сасуоло за трансферот на играчот од средниот ред Давиде Фратези кој исто така е цел на ривалот Интер.

Прикажи повеќе