Протеините се многу важни за изградба на мускулите и за намалување на апетитот, но научниците се плашат дека протеинот може да биде лош за артериите. Истражувачите од Универзитетот во Питсбург покажаа дека конзумирање повеќе од петтина калории од протеините може да ги активираат клетките кои ги запушуваат артериите. Недостаток од здрав проток во крвта и во телото доведува до зголемен ризик од мозочен и срцев удат, пишува „Дејли мејл“.

Во светот многу се популарни високопротеинските диети кои се поврзани со културата на вежбање во теретани. Скоро една четвртина до населението добива повеќе од една петтина од вкупните калории само од протени. Но, доктор Бабак Разани, кардиолог кој го водел истражувањето  предупредува на тоа дека зголемување на внесот на протеини не е клуч за добра исхрана. Тој предлага рамномерна исхрана која содржи доволно јаглехидрати, масти и витални хранливи материи.

Се препорачува луѓето да јадат околу 0,36 грама протеини по килограм телесна тежина дневно. За еден просечен маж од 90 килограми, тоа е околу 71 грам дневно, што е еквивалентно околу 12 проценти дневни калории, две пилешки гради или едно и пол филе лосос. За просечна жена која има 77 кг. тоа е 61,2 грама дневно или 10 проценти дневни калории – што е еднаво на едно и пол парче пилешки гради или едно филе лосос.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.