Премиерлигашот Тотенхем вечерва загуби од Мура со 2:1 во Конференциската лига на УЕФА.

Победничкиот гол за словенечкиот тим го постигна напаѓачот Амадеус Мароса во 94. минута во последните моменти од дуелот во Марибор.

Ова е прв пораз за клуб од Лондон по назначувањето на Антонио Конте за тренер. Пред тоа Спарс ги победија Витесе (3:2) и Лидс (2:1), а ремизираа со Евертон (0:0).

На средбата со Мура, Тотенхем играше со десетмина од 32. минута поради исклучувањето на Рајан Сесењон.

Следниот натпревар Тотенхем ќе го игра на 28 ноември против Барнли во 13. коло од Премиер лигата.  (МИА)