Израелската влада се согласи на договор со Хамас за ослободување на 50 жени и деца држени како заложници од палестинските милитанти во Газа во замена за четиридневен прекин на огнот, соопшти кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, пренесува „Би-би-си“.

Катарските власти, кои посредуваа во разговорите меѓу Израел и Хамас заедно со САД, со денови уксжуваа на тоа дека спротивставените страни се многу блиску до договор.

Договорот ќе го означи првото примирје од почетокот на конфликтот во која израелските бомбардирања срамнија со земја делови од Газа со кои владее Хамас.

Како што пренесува „Би-би-си“ сè уште не е јасно кога ќе започне паузата, на што Катар вели дека ова ќе биде објавено во следните 24 часа.

Паузата во борбите би можела да трае повеќе од четири дена – Израел вели дека на секои 10 ослободени заложници над почетните 50, паузата ќе биде продолжена за еден ден.

Се очекува дека 50-те заложници што треба да бидат ослободени ќе бидат оние со израелско државјанство или со двојни државјани, а не странски државјани.

Прикажи повеќе