Пели Радок Мпанзу го продолжи договорот со Лутон Таун што значи дека официјално ќе биде првиот фудбалер во историјата кој играл за првите пет дивизии во англискиот фудбал за ист клуб.

Во 2013 година тој му се приклучи на Лутон во Конференцијата (петтата лига), следната година играше за Лига 2, во 2018 година во Лига 1, во 2019 година во Чемпионшип дивизијата, а сега ќе заигра во Премиер лигата.

Мпанзу иако е роден во Хендон, Англија тој има два настапи за ДР Конго. За Лутон има преку 360 натпревари во сите конкуренции./Sportmedia.mk/

Прикажи повеќе