Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром, утринава тргнаа на пат кон Сплит, каде што утре од 18 часот ќе му гостуваат на истоимениот клуб во обидот да останат во игра за опстанок во АБА-лигата.

Advertisements

На пат кон Сплит, кошаркарите на тргнаа без тренерот Драган Николиќ, кој пред неколку дена бил позитивен на коронавирусот.

„Тој веднаш ги доби сите лекарства и витамини потребни да се справи со овој вирус, но повтореното тестирање пред заминувањето за Хрватска покажа дека сѐ уште е позитивен, поради што беше донесена одлука да не тргнува на пат со цел да не се ризикува пренесување на коронавирусот и на другите кошаркари и членови на стручниот штаб. Со екипата од иста причина во Сплит не замина ниту Андреј Андоноски, кој исто така беше тестиран позитивен на коронавирусот“, обајви клубот.

Во отсуство на Николиќ, МЗТ во Сплит ќе го предводи неговиот прв помошник Васко Атанасов. Интересно Атанасов нема пораз на четирите натпревари на кои го предводел МЗТ.

Прикажи повеќе