Шпанскиот фудбаски тим Барселона конечно се израдува на победа во Лигата на шампионите откако го совладаа Динамо Киев на свој терен.

Единствениот погодок го постигна Пике кој по центаршут на Алба се најде на вистинското место и погоди за победа од 1-0.

Во вториот меч од терминот од 18:45, Салцбург со 3-1 го победи Волфсбург.

Окафор даде два гола, еден постигна Адејеми, погодокот за гостите беше дело на Нмеча.