Во второто коло од АБА2 лигата, кошаркарскиот клуб Пелистер ја совлада Сутјеска со 20 поени разлика поточно 93-73 и за битолскиот тим ова е прва победа на јадранот.

Пелистер дебитираше со пораз од Ловќен од 85-108, но вечерва битолчани се покажаа во едно сосема друго издание и дојдоа до првиот триумф.

Македонскиот тим го контролираше речиси целиот тек на мечот, но пресудна беше третата четвртина кога го скршија противникот и го откажаа од шансата за победа, дојдоа до 20 поени разлика, а со таква предност ја заклучија и победата 93-73.

Трајковски и Малешевиќ со по 16 поени беа најефикасни во составот на Пелиистер, Хоутон постигна 14. Џабе Томашевиќ и Спасојевиќ заедно дадоа 43 поени за Сутјеска.