Деарон Фокс постигна 38 поени во својот прв меч во плејофот во кариерата и заедно со Малик Монк посстигнаа 28 поени во последната четвртина за Сакраменто Kингс да стигнат до 126:123 победа над Голден Стејт Bориорс, во првиот меч од плејофот на Западот. Ова беше победа во прв плејоф меч за Кингс, по фантастични 17 години.

Advertisements

Против калифорнискиот ривал, Монк имаше 32 поени, од кои најважните беа двете слободни фрлања на 2.9 секунди пред крајот, а потоа Стеф Кари утна обид за тројка. Кари заврши со 30 поени, а Клеј Томпсон со 21 за Вориорс.

Џоел Ембид имаше 26 поени, а Џејмс Харден додаде 23 поени и 13 асистенции за Филаделфија Сиксерс, која стигна победа со резултат 121:101 над Бруклин Нетс.  Филаделфија имааше рекордни 21 тројки, постигнати од осум различни кошаркари.

Исто така на Истокот, Бостон стигнаа до убедлива гостинска 112:99 победа кај Атланта Хокс во првиот меч од плејофот, а на гостинска победа се радуваа и Њујорк Никс, кои со 101:97 ги совладаа Кливленд Кавалирс.

Прикажи повеќе