Грузија планира да поднесе барање за пристапување во Европската Унија. Потегот доаѓа откако претходно и Украина побара членство, непосредно по руската инвазија на земјата.

Претседателот на владејачката партија „Грузиски сон”, Иракли Кобахиџе ја обелодени одлуката на неговата партија „веднаш да аплицира за членство во ЕУ“ на прес-конференција на 2-ри март.

Грузија планираше да ја поднесе апликацијата во 2024 година, но партијата одлучи да го забза процесот поради актуелните случувања во светот. Претходно на 2-ри март, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека тој и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел телефонски разговарале за ситуацијата на бојното поле и за дипломатските напори.

Прикажи повеќе