Македонскиот прволигаш Шкендија не ја почна сезоната според посакувањата. На тетовскиот тим му се случи фијаско откако доживеа елиминација од велшкиот тим Хаверфордвест, на пенали, во Конференциската лига на УЕФА.

Пред една година беше поставена нова кадровска структура, на чело со претседателот Замир Дика, а за спортскиот дел беа задолжени Харус Иса, Ибрахим Османи и Скендер Јонузи. Според информациите од Тетово, ова раководство е во заминување, а Шкендија повторно ќе се реконструтира во пресрет на стартот на новата сезона во Првата Лига.

Засега е нејасно каква ќе биде иднината и на новиот тренер Ардијан Нухиу. Тој дојде со големи амбиции, но потклекна со тимот уште на првиот чекор, на настапот во Европа. Сега ќе има вистински тест во првенството во првите неколку кола, а Шкендија секогаш има амбиции да биде при врвот. Сѐ друго, не се признава. Како нови можни раководни лица во Шкендија се споменуваат поранешните истакнати фудбалери, Агим Ибраими и Ардијан Цуцули./Makfudbal.mk/

Прикажи повеќе