Наместо руски тест, Шолц одлучил лекар од германската амбасада да му направи ПЦР-тест, што е предуслов за влез во Кремљ на средба со рускиот претседател Владимир Путин, велат извори од германската делегација.
Минатата недела и францускиот претседател Емануел Макрон одби да се подложи на руски ПЦР-тест пред да се сретне со Путин.
Разговорите меѓу Макрон и Путин затоа се одржаа на маса долга шест метри со цел да се одржи поголема физичка дистанца.
На прес-конференцијата по средбата, Путин и Макрон застанаа неколку метри подалеку.
Шолц е последниот во низата западни шефови на држави и влади вклучени во силната дипломатска офанзива за спречување војна, а мисијата е чувствителна бидејќи Германија е најголемиот трговски партнер на Русија во Европа.