Вакцинација против сезонски грип почнува денеска во центрите за јавно здравје и дел од здравствените домови во Скопје каде не се врши вакцинација против Ковид-19.

Набавени се 40.000 четириваленти вакцини, а граѓаните кои се пријавиле на сајтот vakcinacija.mk ќе добијат СМС пораки во кои ќе им биде напишан датумот, часот и местото за вакцинација.

Вакцинацијата е бесплатна за хронично болните, граѓаните над 65-годишна возраст, бремените жени, децата и здравствените работници. Ќе има и теренска вакцинација и тоа во домовите за стари лица, центрите за дијализа, за здравствените работници ќе се организира пункт во Институтот за јавно здравје, а во Скопје каде се очекува и најголем притисок за вакцинација освен во Центарот за јавно здравје од поликлиниките за вакцинација за сезонски грип ќе бидат наменети тие во Ѓорче Петров, Бит Пазар и во Идадија,.

Ставот на Националниот комитет за имунизација е дека нема никаков ризик ако двете вакцини таа за сезонски грип и за Ковид-19 се примат во исто време, а ако не се примат во исто време нема разлика колкaв временски период ќе биде дистанцата меѓу двете вакцинации.

Освен оваа количина вакцини, центрите за јавно здравје набавиле 11.000 комерцијални вакцини од кои 4000 се во Скопје.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.