Рускиот крстосувач „Москва“ од Црноморската флота, кој беше тешко оштетен потона додека беше влечен до пристаништето по, како што велат украинските власти, нивниот напад со проектил, што Москва го негира. „При влечењето на крстосувачот „Москва“ до одреденото пристаниште, бродот ја загуби стабилноста поради оштетување на трупот добиен во пожарот од детонација на муниција. Во тешки морски услови, бродот потона“, соопшти руското Министерство за одбрана во изјава.

Русија претходно соопшти дека екипажот на бродот, кој вообичаено е околу 500 морнари, бил принуден да се евакуира, дека пожарот бил изгаснат и оти бродот ќе биде одвлечен до пристаништето во Одеса. Украинските власти соопштија дека воениот брод претходно бил погоден од украински проектили во близина на украинското црноморско пристаниште Одеса. Крстосувачот можел да носи 16 ракети со долг дострел, а неговото потонување значително ја намалува борбената моќ на Русија во Црното Море.

Прикажи повеќе