Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ќе се врати на теренот на егзибицискиот турнир во Абу Даби, кој ќе се одржи од 16 до 18 декември, соопштија денеска организаторите.

Покрај него ќе учествуваат и Доминик Тим, Каспер Руд, Денис Шаповалов, Ема Радукану и Белинда Бенчиќ.

Освојувачот на 20 Грен слем титули, Надал пет пати во кариерата беше најдобар во Абу Даби, а поради повреда не играше од почетокот на август и на турнирот во Вашингтон.

– Абу Даби е посебно место за мене. Многупати ги започнав моите сезони овде. Откако првпат дојдов овде, имав одличен пречек од навивачите и сигурен сум дека атмосферата ќе биде посебна како и секогаш – изјави Надал.