Јужноафриканска студија покажува дека постои помал ризик од хоспитализацијата и развојот на тешка форма на коронавирусната болест Covid-19 кај луѓето кои се заразени со омикрон варијантата на коронавирусот SARS-CoV-2 во споредба со претходната делта варијанта, но авторите велат дека тоа е верујатно делумно и поради високото ниво на колективниот имѕнитет.

Прашањето за заразноста на омикрон сојот сѐ уште се наоѓаат во фокусот на научните и политичките дискусии во многу земји, во времето кога владите се обидуваат да го формулираат одговорот на раширеноста на варијантата, а научниците брзаа да ја разберат.

Резултатите од оваа сѐ уште нерецензирана студија покажале дека луѓето заразени со омикрон варијантата во Јужноафриканската Република во периодпот од 1-ви октомври до 30-ти ноември, имаат 80 отсто помалку изгледи да бидат хоспитализирани од оние кај коишто е дијагностицирана некоја од другите варијанти во истиот период.

Меѓу пациентите хоспитализирани во споменатиот период, оние со омикрон варијантата имале слични панси да развијат потешки форми на болести како оние со другите варијанти, но студијата покажала дека хоспитализираните со омикрон во октомври и ноември имале 70 отсто помали шанси да развијат потешки форми на болеста од оние кои се примени во билниците меѓу април и номеври со делта варијантата.

Нашите податоци навистина покажуваат позитивна приказна за намалување на сериозноста на омикронот во споредба со другите варијанти, изјавила за Reuters професорката на Националниот институт за заразни болести (NICD) Черил Коен, воедно и една од авторката на студијата.

Додала дека резулатите дополнително се засилени со податоците кои покажуваат значително помал број хоспитализирања и смртни исходи во Јужноафриканската Република во текот на сегашниот брон на заразите со омикрон варијантата отколку во текот на претходните бранови за коронаинфекциите, но додала дека бројот на случаите на зараза сега се многу поголеми. Коен додала и дека резултатите од истражувањето веројатно може да се преслика и на другите земји во субсахарска Африка.

Студијата ја изработеил група научници од NICD и поголемите установи како Универзитетот Витватерсрад и КваЗулу-Натал.

Авторите предупредуваат дека не треба да се носат предвремени заклучоци за својствата на омикрон варијантата и додаваат дека не е јасно дали поголемиот придонес за пониската сериозност на болеста имало високото ниво на колективниот имунитет или пониската заразност на омикрон варијантата. Се проценува дека меѓу 60 и 70 отсто во ЈАР досега ја прележале Covid-19, рекла Коен.

Пол Хантер, професор по медицина на Универзитетот Ист Англија, рекол дека студијата е важна но дека со споредувањето на податоците за омикронот од еден период и подаотиците за делтата од претходните е тешко да се одреди дали причина за понсиките стапки на хоспитализација е факетот дека омикрон е помалку заразен или со зголемување на имунитетот на стадото.

Во одредена мерка тоа не е ниту важно за пациентот кому му е само важно да не се разболе силно, рекол Хантер но и додал дека резултатите се важни и поради можниот притисок врз здравствениот сситем.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.