Полското Министерство за надворешни со одговор на антиукраинските пароли на протестите на земјоделците

Употребата на антиукраински пароли на протестите на земјоделците им штети на интересите на Полска, ги компромитира организаторите на штрајкот и може да укаже на обиди на радикалите кои можеби се под влијание на Русија да воспостават контрола врз протестот, пренесува Укринформ.

Полското Министерство за надворешни работи, со „максимална загриженост“ ја прими појавата на антиукраинските слогани и слогани кои го глорифицираат Путин и војната што тој ја води (против Украина) за време на неодамнешните протести на земјоделците.

Од министерството подвлекуваат дека ваквите акции изгледаат лошо за Полска, која прва и помогна на  Украина, и за Полјаците кои прифатија украински бегалци.

Министерството ги повика организаторите на протестите „заради интересите на земјата и шансите за остварување на нивните барања, кои во голема мера се разумни, да ги идентификуваат и отстранат од своето движење малкуте иницијатори на вакви и слични акции“.

Како што е наведено, сегашната ситуација на полските земјоделци е последица на агресијата на Владимир Путин против Украина и дестабилизацијата на глобалната економија, а не затоа што Украинците се бранат од агресија.

Како што беше објавено претходно, полицијата и обвинителството во Полска започнаа истрага за појавата на плакат со кој се повикува Путин да воспостави ред во односите на Полска со Украина и ЕУ на протестот на земјоделците во Полска.

М. П.