Полската разузнавачка служба денеска побарала од Министерството за надворешни работи во Варшава протерување на 45 руски дипломати, од кои дел наводно работеле за московските тајни служби под закрила на дипломатската служба, изјави портпаролот на полската служба за контраразузнавање АБВ, Станислав Зарин.

„Агенцијата за внатрешна безбедност подготви список со 45 луѓе кои работат во Полска под закрила на дипломатски активности“, изјави Зарин, додавајќи дека осомничените ја таргетирале Полска.

Портпаролот на владата изјави дека рускиот амбасадор бил повикан во Министерството за надворешни работи и по средбата ќе бидат објавени одлуките за понатамошните чекори.

Како одговор, руското министерство за надворешни работи предупреди дека ќе возврати ако нејзините дипломати бидат протерани од Полска, пренесе РИА Новости.

Прикажи повеќе