Поради руските напади во Украина, полската фудбалска репрезентација потврди дека нема да го игра натпреварот против Русија, кој важи за квалификациите за Светското првенство „Катар 2022“.

Веста ја потврди и претседателот на Полската фудбалска федерација, Цезар Кулеса, кој пред ФИФА достави заеднички предлог со Шведска и Чешка: „Нема повеќе зборови, време е да се дејствува! Поради ескалацијата на војната на Русија против Украина, селекцијата на Полска не планира да го игра „плеј-оф“ натпреварот на Светското првенство против Русија.

Ова е единствената правилна одлука. Шефот на полскиот фудбал истакна дека е во преговори со федерациите на Шведска и Чешка, за да се претстави заеднички став во ФИФА.

Прикажи повеќе