За потсетување, мигрантската криза таму трае последните неколку недели.
Законот е удар за опозициските партии, кои се залагаат за неограничен пристап на медиумите. Според одредбите на вонредната состојба, која беше прогласена на границата во септември, а која истече на полноќ, целосно е забранет пристапот на медиумите и хуманитарните организации, пренесува Ројтерс.
Полската опозиција тврди дека целта на забраната за пристап е да се прикријат кршењата на човековите права, додека владата вели дека рестриктивните мерки се неопходни поради безбедносни причини. Според новите правила, министерот за внатрешни работи може да го ограничи пристапот до граничната зона, по консултација со шефот на граничната служба.
Новинарите и невладините организации единствено можат да влезат врз основа на одлуката на раководителите на локалната гранична контрола. Министерот за внатрешни работи Мариуш Камински рече дека ќе нареди привремена забрана за влез во областа околу границата. Европската унија го обвини Минск дека предизвикува мигрантска криза поради воведените санкции.
Белорускиот претседател Александар Лукашенко ја обвини ЕУ дека намерно предизвикува хуманитарна криза на границата.