Поликлиниката Чаир од денеска има пет нови дигитални ЕХО колор доплер апарати. Во посета на оваа јавно-здравствена установа беше министерот за здравство Фатмир Меџити кој истакна дека станува збор за инвестиција од Здравствениот дом Скопје.

Едниот ЕХО колор доплер апарат е поставен во кабинетот за дојка во Поликлиниката Чаир, а вториот е планиран за одделот по интерна медицина којшто ќе биде со кардиолошка сонда, рече Меџити.

Тој информираше дека во Поликлиниката, стариот апарат за гастроскопија е заменет со нов современ гастроскоп. Во тек е подготовка на нов кабинет за ортопедија што ќе ги покрие потребите од ваквите здравствени услуги во овој дел од градот Скопје. Покрај ова, тука е поставен и нов генератор за производство на електрична енергија.

Меџити соопшти дека во изминатиот месец е инсталиран и комплетно имплементиран пакс систем во сите рентген кабинети во Здравствен дом Скопје. Со ова, како што нагласи, е овозможен полесен пристап на сите лекари радиолози, до рентген дијагностики што се изведуваат тука.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.