Германските медиуми пишуваат дека црната облека на телото му го обезбедува потребното разладување во топлите денови. Звучи смешно, но тоа е вистина. Вистина е дека црната облека се загрева на сонце во лето, меѓутоа, црната боја го забрзува процесот на ладење на телото – токму затоа што апсорбира повеќе топлина. Побрзо се потите во црно отколку во бело, но токму затоа телото побрзо се лади, пишува Феникс.

Исто така темната облека рефлектира дел од опасното сончево УВ зрачење, што го прави околу 97 проценти безопасен и нуди подобра заштита од можни изгореници што може да ги добиете ако носите светла облека.

Белата облека, од друга страна, не собира топлина, туку пропушта околу 40 проценти од штетните УВ зраци. Кај бели комбинации, задолжителна е и кремата за сончање под облеката.

Во лето особено се препорачуваат природни влакна што дишат. Памук, лен или свила се удобни за кожата на високи температури, а исто така ја апсорбираат потта. Од друга страна, синтетичките влакна ја изолираат кожата и ја зголемуваат топлината на телото.

Вистински крој за црна облека во лето: преголема големина. Пошироките парчиња облека овозможуваат циркулирање на воздухот, што создава ефект на ладење. Се препорачува да се носат пошироки туники, фустани и пошироки панталони.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.