Направете вкусни плескавици со зачини

СОСТОЈКИ:

500 гр мешано мелено месо
глава на кромид
две чешниња лук
Јајце
малку млеко
парче бајат леб
малку брашно
алева пиперка
зачин
магдонос
масло
сол, бибер

Измешајте мелено месо со јајце, ситно сечкани кромид и лук. Потопете парче леб во млеко, а потоа исцедете го и издробете го во смесата со месо.

Посолете и побиберете, па додајте ситно сечкан магдонос.

Додадете една лажица брашно и алева пиперка. Се убаво измешајте, обликувајте ги плескавиците, па пржете ги на загреано масло. Послужете топло со пире од компири и сос по желба.