Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, ја доби наградата за менаџер на годината во Англија, од Здружението на менаџери на Лигата (ЛМА). Тој му донесе нов шампински трофеј на Манчестер Сити во Премиер – лигата.

Гвардиола имаше конкуренција во Артета од Арсенал, Де Зерби од Брајтон, Хоуви од Њукасл, Компани од Барнли и Шумахер од Плимут. Манчестер Сити има шанса да стигне и до тројна круна оваа сезона, со оглед дека тимот ќе игра во финалето на Лигата на шампионите и во финалето на ФА купот на Англија./Makfax/

Прикажи повеќе