Кошаркарскиот тим на Пелистер ја продолжи победничката серија во македонската кошаркарска лига, а најнова жртва на битолчани беше тимот на Куманово кој го совлада со 97:71.

Куманово го започна вториот дел со негатива од само четири поени, што ветуваше понеизвесен дуел, но следуваше фуриозен трет период, кој Пелистер го доби со 27:9.

Тоа беше и почетокот на крајот на гостите, кои немаа сили и време да се вратат по ваквата негатива, па Пелистер рутински потврди нов, убедлив триумф.

Кесар со 22 и Ѓуроски со 16 поени беа најефикасни во победничката екипа, а во ростерот на Куманово најдобар реализатор бил Холмс со 19 поени.

Пелистер останува единствена екипа без пораз сезонава во првенството, додека Куманово веќе забележа пет порази на шест одиграни натпревари.