Кошаркарите на Пелистер се наоѓаат на прагот на повторување на ланскиот есенски дел, во кој забележаа максимален број на победи. Во десеттиот дуел од шампионатот избраниците на Марјан Илиевски го декласираа Гостивар во „Боро Чурлевски“ во Битола со 101-76.

Најефикасни во тимот на Пелистер беа Кесар со 33 и Караџовски со 22 поени, додека кај Гостивар се истакнаа Силаџи со 21 и Ефремовски со 17 поени.

В сабота битолчани заминуваат на третиот „балон“ од АБА2 лигата, каде ќе одиграат три натпревари.