Пекинг ја користи терминологијата на Москва: Руската агресија врз Украина ја нарече „украинска криза“

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Ванг Венбин ја нарече руската агресија врз Украина „украинска криза“ и рече дека „не може да има победници и губитници“. Терминот „украинска криза“ е неприфатлив за карактеризирање на руско-украинската војна. Украина не е ниту причина ниту извор на кризни феномени во меѓународните односи.

Терминологијата која за употребува Пекинг за руската агресија врз Украина, целосно оди во прилог на наративите на руските пропагандисти. Како што пренесува Укринформ, вистинската ситуација би била поконзистентна со концептот на „руската криза“, бидејќи режимот на Путин беше тој што ја претвори својата земја во извор на нестабилност и закани.

Во војната со Русија, Украина не се натпреварува за ловориките на победникот. Украинците се заинтересирани само за безбедност и правда, но режимот на Кремљ не е подготвен да преговара за овие основни потреби.

Враќањето на стабилен мир е невозможно додека се одобрува агресијата и се прифаќа окупацијата на странски територии.

Москва ја започна војната, а Москва може да ја заврши во секој момент со повлекување на окупационите трупи од Украина и враќање на усогласеноста со меѓународното право.

Како што изјави предходнопортпаролот на американскиот Стејт департмент Метју Милер на брифинг во Вашингтон минатата недела, САД остануваат загрижени за зајакнувањето на соработката меѓу Москва и Пекинг и се против какви било чекори на Кина кои би можеле да помогнат во поддршката на руската агресија во Украина.

Според Институтот за проучување на војната со седиште во Вашингтон (ISW), преговарачките платформи за решение на војната во Украина кои ги сугерираат Кина и Турција, Кремљ го користи за да ги продолжи своите информативни операции насочени кон обесхрабрување на континуираната меѓународна поддршка за Украина.

Драган Мишев