Спасените патници и членови на екипажот од траектот што се запали додека пловеше од Грција за Италија, се пренесуваат на грчкиот остров Крф, каде што ќе се пребројат, регистрираат и идентификуваат, а паралелно во тек е истрага за евентуални исчезнати лица, јави дописничката на МИА од Атина.

На траектот имало вкупно 290 лица, 239 патници и 51 член на екипажот, а грчките медиуми објавија дека постојат информации за околу десет исчезнати лица, односно станува збор за лица кои се наоѓаат на листата патници, но не се во чамците за спасување, без тоа да значи дека со сигурност се качиле на траектот и без да постои официјална потврда. Сепак, точниот број на спасени, евентуалниот број на исчезнати, ќе биде познат откако сите патници ќе се пренесат на Крф и ќе заврши процесот на идентификација.

Прикажи повеќе