Францускиот парламент донесе закон со кој се забранува одржување на професионални фудбалски антпревари во Франција на 5 мај. Таквата одлука е донесена со цел да им се одаде почит на жртвите од катастрофата на стадионот „Фуриани“ на Корзика во 1992 година.

На тој ден пред 29 години една од трибините на стадионот во Бастија се сруши пред полуфиналето во Купот на Франција против Олимпик Марсеј, убивајќи 18 и повредувајќи повеќе од 2.300 лица.

Забраната наиде на противење кај челниците на Лига 1 и Француската фудбалска федерација, но истата беше изгласана од страна на Народното собраение минатата година, а беше ратифицирана во Сенатот денеска. Законот ги покрива натпреварите во Лига 1, Лига 2, Купот на Франција и Лигата на шампионите.