Пандемијата на коронавирусот која го зафати светот во 2020 години го скрати животниот век за околу две години, покажаа некои истражувања. Според последните податоци, стапката на смртност е зголемена за 22 отсто кај мажите и за 17 отсто кај жените.

Постковид-период може на многу начини да го уништи нашето тело.

Меѓу најчестите постковид-симптоми се: забрзано чукање на срцето, чувство на прескокнување на ритамот на срцето, отежнато дишење, задушување, премаленост и замор, синдром на хроничен замор, варијации на крвниот притисок, зголемена анксиозност, чести главоболки и вртоглавица, губење на слухот, зголемено потење.

Меѓу најопасните болести што се јавуваат во овој постковид-период, особено кај луѓе што веќе имале слабости на еден од системите во телото, се: оштетување на белите дробови, оштетување на срцето, оштетување на бубрезите, оштетување на мозокот. Исто така, како последица на ковид-19 се појавуваат и продолжена премаленост, болки во зглобовите, болки во градите, отежнато дишење, астма, срцеви заболувања, деменција…

Ковид-19 може да предизвика и астма или да им ја „врати“ на возрасните што ја имале во детството. Кај некои луѓе што имале коронавирус пред повеќе од една година, кашлицата што се појавувала повремено почнувала да станува посилна, а некои од нив добиле и дијагноза на астма.

Аритмиите се меѓу симптомите по инфекција со коронавирус, кои предупредуваат дека е време пациентот да оди на лекар.

Во периодот по долгиот ковид, некои луѓе развиле и невролошки проблеми. Има примери на луѓе што биле во почетна фаза на деменција, кој кои се забрзала болеста, а голем број луѓе се жалеле дека имаат проблеми со меморијата, дека станале заборавени, расеани и деконцентрирани. Дијагнозите што се јавуваат две години по коронавирусот се разликуваат во однос на возраста на луѓето, па деменцијата, мозочните удари и мозочната магла се најчести кај возрасните над 65 години, а мозочната магла кај оние меѓу 18 и 64-годишна возраст, додека епилепсиите и психотичните нарушувања се најчести кај најмладите, односно кај децата.

Експертите забележале дека меѓу долготрајните симптоми на ковид-19 е и опаѓањето на косата.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.