Палестинската влада поднесе оставка.

Палестинскиот премиер Мохамад Штајех соопшти му ја врачил оставката на неговата влада на Западниот Брег на палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Штајех додаде дека поднел оставка минатиот вторник, но писмената оставка ја предал денеска.

 Ја поднесувам оставката на владата до господинот претседател, рече Штајех, додавајќи дека потегот доаѓа по „развојот на настаните поврзани со агресијата во Појасот Газа и ескалацијата на Западниот Брег и во Ерусалим“.

Штајех додаде дека поднесува оставка за да им овозможи на Палестинците да формираат широк консензус меѓу Палестинците за политичките аранжмани по војната на Израел против Хамас во Газа.

– Одлуката за оставка дојде во светло на невидената ескалација на Западниот Брег и Ерусалим, како и војната, геноцидот и гладот во Појасот Газа, рече Штајех.

– Гледам дека следната фаза и нејзините предизвици бараат нови владини и политички аранжмани кои ќе ја земат предвид новата реалност во Газа и потребата од палестинско-палестински консензус заснован на палестинско единство и проширување на единството на власта над земјата Палестина, додаде тој.

Изјавата на Штајех доаѓа во време која се зголемува американскиот притисок врз Абас да почне со работа на политичка структура која може да управува со палестинска држава по војната.