Година ипол од започнувањето на инвазијата врз Украина, руската влада се соочува со значителни економски предизвици, при што вредноста на националната валута, рубљата, паѓа на светските пазари.

Откако руската централна банка свика итен состанок за вторник, девизниот курс беше над 100 за долар, што е пад на вредноста за приближно 30% од почетокот на годината.

Русија, исто така, соопшти дека билансот на тековната сметка на земјата, кој ја следи релативната вредност на стоките и услугите извезени од и увезени во земјата, паднал на 5,4 милијарди долари во вториот квартал од годината, што е пад од 93 отсто на годишно ниво, јави ВОА на македонски.

Тоа укажува на значителен пад на извозот, и е лош знак за економијата која во голема мера се потпира на извозот на стоки како што се фосилните горива и житото.

Прикажи повеќе