Гоце Ојлевски по подолго време повторно е дел од ракометната селекција на Македонија. Искусното крило на Еурофарм Пелистер се најде во списокот на Кирил Лазаров, со кои македонскиот селектор ќе ги започне подготовките за Европското првенство.

„Во разговор со селекторот Кирил Лазаров поради моето искуство одлучивме да се приклучам на овој собир, но тоа не значи дека ќе учествувам на ЕП. Имаме подготовки и контролни натпревари кои може да донесат секакви несакани ситуации и затоа јас сум тука и колку што можам ќе им помогнам на помладите. Во првата фаза од припремите ќе целиме кон подигнување на физичката подготвеност, па затоа и контролните натпревари ќе ни бидат добредојдени. Тие натпревари ќе ни дадат една слика за Европското првенство. Нема да бидеме аутсајдари на шампионатот, имаме многу искусни играчи. Со овој состав можеме да се натпреваруваме со сите селекции“, рече крилото на Еурофарм Пелистер.