Откриени „бубачки“ за прислушање во канцелариите на Залужни

За време на увидот, откриени се тајни уреди за прислушање во канцелариите на врховниот командант на вооружените сили на Украина Валериј Залужњи и членови на персоналот, објави Генералштабот на вооружените сили на Украина на Фејсбук, јавува дописникот на Укринформ.

„Вчера, при рутинска проверка на просториите, на едно од локациите беа откриени делови од опремата за пронаоѓање информации“, се наведува во извештајот.

Бубачките беа поставени во канцелариите наменети да се користат за работни цели од страна на Залужни и членовите на персоналот кои ги обезбедуваа неговите активности.

„За да се утврдат околностите на овој настан, неговите последици и инволвираните лица, известена е Службата за безбедност на Украина“, додаваат од Генералштабот.

Драган Мишев