Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ објави голем скок во продажбата во првата половина од годината, благодарение на засилената побарувачка на домашниот и странскиот пазар воопшто. Тоа значи – од јануари до јуни се испорачани 167.354 возила, што е 15 отсто повеќе од истиот период лани, соопштија од компанијата.

Најмногу е зголемена продажбата во Германија, па во другите европски земји, за 24 и 23 отсто, соодветно. Во Кина, бројката е за околу осум насто поголема, а во Cеверна Америка – околу 12 насто повеќе од лани.

По првите шест месеци (од оваа година) може да бидеме задоволни со испораките, соопшти шефот на продажба, Детлев фон Платен.

Особено барани биле теренските возила – со 26 отсто повеќе продадени „Мекени“ и 12 насто повеќе „Кајени“. Се издвојува и спортскиот автомобил „911“, со зголемување на продажбата за 21 отсто.

Продажбата на електричниот „Тајкан“, од друга страна, е намалена за пет отсто, со продадени 17.991 автомобил, поради недостиг на делови, објавија од компанијата.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.