Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, побара од српскиот претседател Александар Вучиќ да ја послуша препораката на официјална Будимпешта и да ги врати уапсените полицајци на Косово во нивната земја. „Со почит, те молам, драг Александар, добро размисли за ова. Непријателите на Србија се желни да ѝ наштетат на Србија и ова е таква ситуација и случај што мислам дека ќе биде подобро да ја слушнете препораката на Унгарија да ги вратите во Косово“, рече Обран во Суботица. На 14 јуни, тројца косовски гранични полицајци беа уапсени од српските сили. Србија соопшти дека тие биле уапсени длабоко во нејзината територија, но Приштина тврди дека тие патролирале на косовска територија и биле киднапирани од српската жандармерија. Полицајците се во притвор во Краљево и се соочуваат со кривичното дело недозволено поседување и носење на оружје. За тоа се добиваат и 12 години затвор.

Прикажи повеќе