Истражувачкиот тим се состоел од 175 научници од 22 земји, кои се одговорни за најголемата светска база на податоци за човечка ДНК. За да го направат тоа, ги анализирале коските и забите на речиси 5.000 скелети кои датираат од каменото до бронзеното време, од викиншкото време до средниот век.

Еден од заклучоците е дека зголемениот ризик од мултиплекс склероза во Северозападна Европа може да се припише на сточарите кои дошле од исток пред 5.000 години. Всушност, одредени гени кои го зголемуваат ризикот од мултиплекс склероза биле во телото на луѓето Јамнаја кои мигрирале од делови на Украина, Југозападна Русија и Западен Казахстан во северозападните делови на Европа.

Овие резултати од истражувањето се зачудувачки. Тие претставуваат огромен напредок во нашето разбирање за еволуцијата на мултиплекс склерозата и другите автоимуни болести, вели Вилијам Бари од Универзитетот во Кембриџ.

Според ова истражување, разликата во висината на луѓето од северозападниот дел на Стариот континент и оние на југот на Европа може да се припише токму на народот Јамнаја. Овчарите придонеле оние на северозапад да бидат повисоки од оние на југ.

Утврдена е и поврзаноста на генетското условување на ризикот од дијабетес тип 2 и Алцхајмерова болест со потеклото на ловците-собирачи од западниот дел на континентот. ДНК анализата на праисториските жители на Евроазија покажала дека толеранцијата на лактоза (способноста да се вари шеќерот во млекото) се појавила пред 6.000 години. Способноста да се преживее со исхрана богата со зеленчук се развила пред 5.900 години, на почетокот на неолитот.

Ексе Вилерслев од Универзитетот во Копенхаген истакна дека резултатите од истражувањето не се однесуваат на сите 5.000 анализирани гени. Според него, дополнителните анализи ќе откријат повеќе за аутизмот, шизофренијата, биполарното растројство и депресијата, пишува SWI swissinfo.ch.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.