Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на ОН (ОХЦХР) денеска објави дека евидентирала 8 490 загинати и 14 244 повредени цивили од почетокот на инвазијата на 24 февруари 2022 година до 9 април 2023 година.

Advertisements

ОХЦХР стравува дека бројката на жртвите е многу поголема поради ограничениот пристап до воените зони.

Поголемиот број смртните случаи се регистрирани на територијата контролирана од украинската влада, при што се вклучени и 3 927 лица од регионите Донецк и Луганск.

„ОХЦХР верува дека вистинските бројки се значително повисоки, имајќи предвид дека е одложено добивањето информации од некои локации, каде што продолжуваат интензивните конфликти, а многу извештаи допрва треба да се потврдат“, се наведува во соопштението на Канцеларијата.

Прикажи повеќе