реклама

Актерите Халит Ергенч и Бергузар Корел, познати како Онур и Шехерезада, се во хармоничен брак, а успешно функционираат и на деловен план.

Покрај серијата 1001 ноќ, заедно глумеа и во серијата Ти си мојот дом во 2016 година. Потоа морале да го научат текстот, но и да подлежат на диета.

реклама

Имено, Халит глумел војник во грчко заробеништво, па морал да ослабне. Бергузар решила да го поддржи, па дизајнирала специјална диета која ја следеле заедно. По еден месец тој бил полесен за 14 килограми, а таа седум.

„Јадам сирово и полуварено месо. Исклучив шеќер, храна со глутен и млечни производи“, изјави тогаш турскиот актер.

реклама

Во тоа време медиумите пишуваа дека Халит на сетот јадел ѓумбир, јаболка, моркови, цвекло, сиров спанаќ и целер. Често консумирал супа од тиква и салата од киноа, а пиел лимонада или сок од житарки. Што се однесува до задоволствата, парот консумирал здрави грицки како крекери од бадеми и ленени семки или индиски ореви, путер од какао и бадеми, а се почестувале со слатки само во ретки прилики, пишува Глоси.

реклама